Руската дизајнерска агенција Depot ги обедини сите страни на пакувањето во едно креативно платно
Рекламирањето е одлично, но доколку рекламирате производи за широка потрошувачка, на прво место треба да имате добра амбалажа. На преполниот пазар, амбалажата и користењето на просторот на полиците честопати може да бидат клучни за успехот или неуспехот на производот.
Освен што е потребно да се биде инвентивен со слики од зелени полиња и среќни крави, како да се дојде до амбалажа на млеко која ќе се истакне и ќе се разликува од конкуренцијата на пазарот?
Руската агенција за дизајн Депот, создаде паметно, меѓусебно поврзано дизајнерско решение, кое буквално скока на полиците.
На амбалажата се прикажани делови од сина мачка, по еден дел на секоја страна на пакувањето. Но, кога неколку поединечни пакувања ќе бидат поставени едно до друго на полица (и свртени на вистинскиот начин), тие формираат целина од едно животно – многу паметен начин да привлечат внимание.
Совет: не ги прашувајте вработените во продавниците дали се возбудени за дополнителната работа за да бидат визуелните содржини организирани!
Од агенцијата велат дека разиграниот, љубопитен лик на мачката е инспириран од Брунхилд, мачка сопственост на Вера Зверева, уметнички директор на агенцијата.
Амбалажата може да се постави на различни начини, за да се постигнат различни дизајни, како што можете да видите на фотографиите во галеријата.