Пандемијата ги присили најголемиот дел од настаните да бидат откажани или пак да преминат во виртуелната сфера. Истото се случи со популарната креативна конференција на Adobe именувана како MAX, која во 2020 година премина во дигиталната сфера и овозможи бесплатно учество за сите заинтересирани. Како резултат, компанијата откри дека настанот прераснал во „светски најголемата креативна конференција досега.“
Adobe неодамна повторно соопшти добри вести – и овогодишното издание на MAX ќе ја следи истата формула, односно ќе се одржи онлајн и ќе биде целосно бесплатна. За споредба, изданијата пред пандемијата се одржуваа зад затворени врати, при што картите за учество се движеа од 1,295 долари нагоре.
Од компанијата потврдуваат дека настанот ќе се одржува три дена, од 26 до 28 окромври 2021 година. Според Елиса Скот од Adobe, темите на конференцијата „ќе ги покриваат сите најнови алатки и ажурирања, ќе презентираат совети и трикови за да ја издигнете вашата работа на следно ниво и сè она што ви треба за да добиете инспирација и да го разгорите вашиот креативен оган“.
Доколку сакате да ги добивате сите новости поврзани со настанот, можете да се претплатите на специјализираната мејлинг листа на Adobe на нивниот официјален веб-сајт.