Како резултат на ескалирачката ситуација во Украина, британските креативни награди D&AD (Design and Art Direction) соопштија дека воведуваат целосна забрана за учество на проекти од Русија.
Претходно, на 28 февруари, D&AD објавија соопштение во кое посочија дека ќе продолжат да прифаќаат проекти од Русија, но дека приходите од тие пријави ќе ги донираат за поддршка на украинската креативна заедница.
Сега, сепак, организацијата се реши да ја промени својата првична одлука и да воведе целосна забрана за руско учество, а како причина за тоа се наведува „континуираната ескалација на кофликтот по алармантна стапка во изминатата недела“.
Од D&AD посочуваат дека ќе продолжат отворено да комуницираат со нивните руски колеги кои се спортивставуваат на војната во Украина и дека ќе им ја рефундираат котизацијата за учество на фестивалот.
Организацијата исто така потврди дека ќе го исполни своето ветување за донација до украинските креативци.
Неодамна, најголемиот креативен фестивал во светот, Cannes Lions, исто така соопшти дека го забранува учеството на руски креативци на овогодишното издание.