Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum со задоволство го најавува Адам Керж, генерален креативен директор во Accenture Song Europe, како следен говорник на фестивалската сцена.
Со над 100 глобални награди во сферата на огласувањето, и тоа за големи брендови како IKEA, Oreo и Coca-Cola, Адам е мајстор кога станува збор за креативни иновации. Во неговата богата кариера, пред да се приклучи на Accenture Song Europe, тој ги предводел врвните креативни тимови на 360i/Dentsu US, Wunderman Thompson NY и McCann Nordics.
На сцената на Golden Drum, Адам ќе сподели со присутните како креативноста, слично како темната материја, е истовремено недофатлива, но и суштинска трансформативна сила која стои зад сите револуционерни идеи и наградуван успех. Придружете се на неговата сесија за да откриете како човечката генијалност игра витална улога во денешниот технолошки пејзаж кој брзо се развива.
Во време кога културата се менува побрзо отколку што можат да ја усвојат повеќето брендови, кога го сведочиме брзиот напредок на најновите технологии, вештачката интелигенција и новите платформи кои постојано го преобликуваат однесувањето, креативноста е единствената незапирлива сила што им овозможува на брендовите да останат релевантни и да напредуваат.
Токму во точката каде човечката генијалност се судира со старите начини на делување се појавуваат чудни, случајни нови елементи кон кои сите се чини дека магнетски гравитираме. Како Темната материја, ние немаме идеја што е креативноста или како да ја реплицираме. Таа е отпорна на формули. Ја препознаваме само кога ја гледаме, кога ќе ја почувствуваме, слушнеме или искусиме. Креативноста е љубопитната темна материја од која потекнува секоја бизнис трансформативна идеја и дело што се достојни за награда на Golden Drum.
Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија. Рокот за пријавување во натпреварувачкиот дел на фестивалот е продолжен до 4 септември. Повеќе информации за настанот и начинот на учество се достапни на следниот ЛИНК.