Се чини дека секогаш кога зборувте за креативност, со некој што не се смета себеси за многу креативен , разговорот обично пак се врти околу уметноста.
Цртање и пишување, скулптури, фотографија, музика, танц… Но, уметноста не е креативност, и обратно.
Всушност, креативноста е ментален капацитет каде се генерираат нови и корисни идеи, повеќе или помалку. Тоа не се однесува на уметност како дизајн , пишување или музика. Креативноста е, едно јадро, во кое само по себе се создаваат и развиваат идеите, начините на кои ние ги разбираме идеите и комуницираме со нив од секој аспект на размислување и работа.
Се разбира, некоја уметност бара креативното размислување, способност да видите она што никој друг не може да го види, да го создадете она што никој друг не го создал. Но уметноста сама по себе не е креативност која се инкарнира.
Зошто луѓето имаат тенденција да зборуваат за овие две нешта како да се необјасниво поврзани?
Верувам дека ние често зборуваме за уметноста кога без разлика на темата треба да бидеме креативни, бидејќи полесно е да се верува дека се што е надвор од светот на уметноста има конкретни правила кои не можеме да ги прекршиме. Со оглед на тоа што уметноста, дава слобода во толкувањата, таа има лабави правила кои често биле скршени, со цел да се создаде уметност од повисок калибар.
Математиката , исхраната, и физиката, се многу порестриктивни во тоа како ние треба да ги толкуваме и да работиме со нив. Таму нема многу простор за кршење на правилата во тие областа (науката, технологијата , инженерството и математиката ).
Но, се разбира, тоа не е вистината во целост. Повеќето проблеми не се како математичките проблеми. Сеуште постојат огромен број можности во светот кои ќе ве поттикнат да размислувате креативно. Elon Musk и неговата компанијаги поместуваат границите на креативност во инженерството, преку создавање на ракети кои може да одат во вселената и потоа да се вратат назад на Земјата или да слетаат на автономен дрон на сред океан. Во математиката пак, креативните решенија биле дефинирани во текот на историјата: Пресметки, бинарна логика, алгебра, матрици и сл.
Не само тоа, математиката се користи како фундаментална креативност и двигател за иновации сега и во текот на минатиот век.
Ако на креативноста гледаме само како начин на изразување или дека постои само во форма на уметност, тогаш ќе ја уништиме нејзината моќ. Не е изненадувачки кога сами на себе си кажуваме изговори како: “Никогаш нема да бидам креативен, бидејќи се фокусирам само на логиката и науката.
Реалноста е дека постои креативност во многу различни форми и различни области на работа, размислување и решавање на проблемите.
Вреди да повторуваме дека: креативноста е за идеи и откривање на начините како да ги развиете, како да ги разберете и да комуницирате со нив. Не само во однос на уметноста, туку општо за време на секое ваше размислување и во текот на вашата работа.
Ако мислите дека сте или не сте креативни, во право сте. Дури и ако не сте уметник, или научник.