Во деновите кога здравјето и благосостојбата се од клучно значење, комуникациската индустрија од дома ќе се осврне на најдобрите проекти во изминатата година – и притоа ќе ја поттикне креативноста која ќе ни овозможи да продолжиме со нашите животи и помогнеме во создавање на подобро општество.
Индустријата на пазарни комуникации не се предава во кризни ситуации – па затоа, прогласувањето на најдобрите проекти од хрватската комуникациска индустрија, кое низ годините се одржуваше на фестивалот Денови на комуникации во Ровињ, оваа година ќе се одржи онлајн и тоа на 16 и 17 април во 21 часот на Фејсбук страницата на фестивалот Денови на комуникации. На првата вечер збор ќе добијат победниците на натпреварите IdejaX и MIXX, додека втората вечер ќе биде посветена на најефикасните маркетинг проекти на натпреварувањето Effie.
Тешкиот период во кој сите се наоѓаме, може да се искористи за ретроспекција и фокус кон создавање нови идеи кои, со оглед на моменталната состојба, ќе придонесат за целата заедница – затоа што креативноста има моќ да донесе позитивни промени и влијание на пошироката публика. Во време кога, покрај физичкото, сериозно е нарушено и менталното здравје, креативноста заедно со технологијата може да ги промени животите.
Затоа, организаторите на хрватското здружение за пазарно комуницирање (HURA) порачуваат дека сега е уште поважно од порано да се наградат извонредните комуникациски достигнувања од претходната година и професионалците кои работат во индустријата, со цел скалата на креативната извонредност да продолжи да се подигнува за подобра и поквалитетна иднина.
Останете дома и придружете се на публиката која ќе ужива во изборот на најдобрите проекти во хрватската комуникациска индустрија во текот на две вечери – прогласувањето на победниците на натпреварите IdejaX и MIXX кое ќе се одржи на 16 април во 21 часот, а за победниците на натпреварувањето Effie ќе дознаете на 17 април во 21 часот во живо на Фејсбук страницата на фестивалот Денови на комуникации. .
Победниците ќе можат да ги дадат и своите победнички говори во оваа пригода, затоа не ја пропуштајте можноста да учествувате на првото онлајн прогласување на добитниците на наградите на хрватската комуникациска индустрија. Сите информации за натпреварувањата можете да ги пронајдете на службената страница на фестивалот
Поради свесноста за сериозноста на пандемијата што го зафати целиот свет, сите заинтересирани за двете вечери ќе добијат увид во најдоброто од хрватската креативност во текот на изминатата година и со тоа ќе можат да ги насочат своите размислувања кон црпење инспирација за создавање подобра иднина.