Компанијата Cardbeast неодамна разви прототип наречен PayBag – колекција на торби кои им овозможуваат на корисниците да вршат плаќања побрзо, додека во исто време се грижат за природата. Кесите содржат Mastercard безконтактни чипови, така што плаќањето може да се направи без да се извлече паричникот или паметниот телефон. Проектот е развиен од страна на агенцијата Греј Москва во соработка со партнерите, агенцијата Брукета&Жиниќ& Греј и Мастеркард.
И покрај зголемувањето на свеста за животната средина, промените во одговорното однесувањето на потрошувачите се многу бавни. На пример, само 5% од купувачите намерно избираат кеси за повеќекратна употреба, додека 64,7% од нив продолжуваат да купуваат кеси за еднократна употреба на дневна основа. Истражувањата покажуваат дека главната пречка е противречноста помеѓу одржливоста и едноставноста. Со други зборови, одржливото однесување ја ограничува удобноста, естетиката, леснотијата и брзината.
За да се промовира одржлива потрошувачка, компанијата Cardbeast се обиде да го направи одржливото однесување попривлечно. За да се постигне ова, тие развија комплетно решение кое го прави шопингот поодржлив и пријатен. Плаќањето со торбата PayBag® е полесно и побрзо од користењето на готовина или пластична картичка, а може да се користи со години, со што се намалува загадувањето на животната средина. За разлика од обичните еднократни кеси – кои луѓето во 40% од случаите забораваат да ги земат при купување – торбата PayBag® мора да се земе со себе затоа што треба да платите со неа.
Дизајнерите развиле практично решение, благодарение на кое торбата може да се преклопи за да се стави во џебот и доколку е потребно, повторно да се расклопи. Торбите се направени од 100% рециклирана пластика и ги има во четири верзии, за секој од четирите типови картички на партнерските банки. PayBag® е создадена со идејата за поддршка на одржливата потрошувачка и да им се помогне на луѓето да ја намалат употребата на еднократни кеси – една од најчестите форми на пластичен отпад.