Како што претходно пишувавме, овој Мај (од 15-ти до 18-ти) во Ровињ се оддржува манифестацијата “Денови на комуникациите“ која ја организираат Хрватското здружение за деловни комуникации (HURA) и хрватскиот огранок на Европското здружение за дигитален и интерактивен маркетинг (IAB).
Веќе пристигнуваат инфoрмации за специјалните гости на настанот а едно од најзвучните имиња секако е и Крис Хоет, директорот за дигитални медиуми на агенцијата Duval Guillaume Modem од Антверп. Duval Guillaume Modem во моментов е најпозната белгиска креативна агенција која во последниов период освојува награди на речиси сите најпрестижни европски и светски фестивали како Евтобест и Cannes Lions на кој минатата година освоија дури 10 лавови а годината претходно дури 15 награди.
Од креативната работилница на Duval Guillaume Modem а под водство на Крис Хоет имаат излезено некои од најуспешните вирални кампањи последниве години.
Во продолжение ќе Ве потсетиме на дел од нив :
1. “See how easily freaks can take over your life”.
Клиент: Здружение на белгиски банкари.
2. Push to add drama
Клиент : TNT
Како Крис и неговите колеги магионичари прават вакви единствени, драматични и вирални кампањи ќе дознаете ако овој Мај присуствуваате на Денови на Комуникацијата во Ровињ.
Сите информации околу манифестацијата, цените за котизација и пријавувањето на учесниците се достапни на веб сајтот на фестивалот www.danikomunikacija.com