Британскиот сервис за достава на храна Just Eat го објави новото продолжение на својата кампања „Did Somebody Say“ („Дали некој рече“), во кое овој пат се појавуваат американската поп-икона Кристина Агилера и младата раперка во подем Лато.
Спотот започнува со сцена во која Агилера и Лато се облечени како оперски кралици во барокен амбиент, додека им се нуди изобилство на нивната омилена храна од Just Eat, додека куририте за достава и оперските додворувачи изведуваат комплексна кореографија околу нив.
Притоа, спотот е проследен со музичка комбинација на опера, поп и рап, што треба да го симболизира широкиот опсег на вкусни опции во понудата на Just Eat.
„Како што нашиот бизнис се развива за да понуди повеќе избор и погодност во однос на вашите омилени локални јадења и секојдневните неопходни работи, правилно е да ја развиваме и нашата успешна креативна формула. Наелектризираната комбинација на Кристина Агилера и Лато не само што е неочекувана, туку ја зајакнува пораката дека ќе бидете изненадени од изборот и квалитетот достапни на Just Eat“ – истакнува Сузан О’Брајан, потпретседателка за глобалниот бренд на Just Eat.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција McCann London.