Не постои организација или бренд што не може да доживее криза која може сериозно да ја уништи нејзината репутација која се градела со години и години.
Градењето и одржувањето на репутацијата е најважната работа на Односите со јавноста и секој професионалец од оваа област мора да биде подготвен за да може навремено да ги препознае а потоа и менаџира ситуациите и настаните кои можат да предизвикаат криза и трајно да ја нарушат репутацијата.
Знаејќи ја суштинската важност на знаењето и изградените капацитети за менаџирање со ПР кризи, “Маркетинг365 Ресурсен Центар“ одлучи својата прва обука да ја организира токму на оваа тема “Односи со јавност (ПР) за време на криза“ и за тоа го избравме предавачот кој има акумулирано долгогодишно искуство работејќи во праксата токму во делот на стратешките комуникации и менаџирањето со ПР кризи, Г-дин Гоце Пачемски.
Пачемски е препознаен како врвен ПР професионалец и еден од лидерите на комуникациската индустрија во Македонија. Со претходно работно искуство во медиуми како новинар, во институции како портпарол и лидер на ПР одел, Пачемски веќе 15 години е дел од една од водечките ПР агенции во Македонија – Имиџ ПР, каде имал можност да работи за некои од најголемите светски и домашни брендови од најразлични индустрии, вклучувајќи FMCG, телекомуникации, енергетика, рударство, банкарство, тобако итн.
Обуката е закажана за 27-ми и 28-ми Јуни, во хотел “Солун“ во Скопје. Бројот на учесници е ограничен поради тоа што цел на организаторот и обучувачот е да се овозможи атмосфера за максимална ефикасност на практичните вежби предвидени со обуката. Котизацијата изнесува 6150 ден + ддв и може да се плати на про-фактура.
Повеќе информации на ОВОЈ ЛИНК.