Продолжувајќи ја својата соработка на колекцијата MoonSwatch, сестринските часовничарски брендови Swatch и Omega го претставија новиот модел “MoonSwatch Mission to the Moonphase” во кој главниот лик е популарното цртано куче Снупи.
Овој модел претставува економски подостапна варијанта на колекционерскиот часовник “Speedmaster Professional Silver Snoopy Award”, првпат претставен во 1970 година со цел да им се оддаде признание на астронаутите на НАСА за нивниот придонес во унапредувањето на безбедноста во летањето.
Новиот MoonSwatch се карактеризира со бело куќиште од биокерамика, односно материјал кој се состои од две третини керамика и една третина пластика од биолошки извор. Оваа уникатна комбинација нуди голем број на предности: помала тежина, отпорност на гребење, удобно и тактилно чувство и антиалергенски својства. Куќиштето се прицврстува со бело платнено ремче на кое се изведени логоата на Swatch и Omega.
Овој часовник се одликува со кварцен механизам кој има функција да ја прикажува лунарната фаза – прв примерок од таков вид за брендот Swatch.
Централното место во дизајнот на часовникот го зазема кучето Снупи, заменувајќи го традиционалниот индикатор за фазите на месечината во малиот дисплеј кај два часот. При ултравиолетова светлина, на ова место се појавува и натписот: “I can’t sleep without a night light!” („Не можам да спијам без ноќна светлина!“).
Поврзаноста на белото куче со вселенските патување датира уште од 1960-те години, кога американската НАСА го избрала како маскота за нивната програма за безбедност при летање. Врската со цртаното куче се зацврстила дополнително во 1969 година, кога екипажот на мисијата Аполон 10 го именувале нивниот лунарен модул по него – Снупи.
Цената на новиот MoonSwatch изнесува 310 долари.
Официјални застапници за производите на Swatch и Omega во Македонија се Божиновски часовници и накит.