(РЕГИОН) – Кога последен пат сте биле на некоја изложба? Сте одгледале претстава или сте слушнале концерт? Изговорите како што се недостаток на пари за скапите карти и влезници „паѓаат во вода“кога се работи за бесплатни културни манифестации.
Со желба најдрагоцените дела од Музејот на современа уметност од Белград да се прикажат пред широката јавност под слоганот „Најголема виртуелна поставка на уметнички дела“, агенцијата McCann Белград и Huge Media смислија апликација која на секој ќе му овозможи да ужива во делата на богатите збирки на овај музеј. Апликацијата под назив msu ARt, ги претвора огласните формати како што се билборди, сити лајтови или принт огласи во виртуелна реалност, односно виртуелна поставка на Музејот на современа уметност.
Се` што е потребно да направите е на својот андроид телефон бесплатно да ја симнете апликацијата msu ARt, го скенирате огласот или билбордот, и на екранот ќе се појави едно уметничко дело од колекцијата MSU заедно со дополнителни занимливости за конкретното дело и/или авторот на делото. Секоја скенирана реклама открива ново уметничко дело во чиишто детали можете да уживате. За сега можете да ги скенирате билбордите, сити лајтови и принт огласите на компаниите кои ја поддржуваат акцијата, а тоа се Coca-Cola, mts, Delhaize Србија со своите брендови Maxi и Shop&Go, Bambi Plazma и Halkbank. Информацијата за позицијата на огласите и билбордите кои е возможно да се скенираат е достапна на мапата која се прикажува во апликацијата.
Апликацијата мпжете да ја симнете на Google play app store на линкот: http://bit.ly/msuARt