Американскиот моден бренд Levi’s се фокусира на одржливоста во својата нова глобална кампања насловена “Buy Better, Wear Longer” („Купувај подобро, носи подолго“).
Кампања е создадена со помош на креативната агенција AKQA и има за цел да ја подигне јавната свест за еколошките влијанија на производството и купувањето на облека, притоа истакнувајќи го Levi’s како алтернатива на „брзата мода“.
Централниот спот на кампања вклучува шест активисти од целиот свет, и тоа: англискиот фудбалер Маркус Рашфорд, американскиот актер Џејден Смит, американската модна инфлуенсерка Ема Чемберлејн, климатските активисти Ксие Бастида од Мексико, Мелати Виџсен од Индонезија и Ксиутезкатл Мартинез кој живе во САД, но потекнува од Мексико.
Секој од шесте амбасадори на брендот се појавуваат и во свој сопствен филм, рефлектирајќи се во поголема длабочина на општествените и еколошки проблеми кои нив најмногу ги засегнуваат.
Levi’s ги охрабрува потрошувачите да размислат два пати за тоа кој е изворот на нивната облека, истовремено поттикнувајќи ги да ги носат нивните модни парчиња подолго, да купуваат од втора рака или да ги користат нивните брендирани продавници за кроење со цел да го продолжат животот на облеката.
„На крајот на краиштата, фармерките на Levi’s се наменети да бидат носени со генерации, не сезони. Па така, ја користиме оваа кампања да ги охрабриме потрошувачите да бидат повнимателни во својот избор на облека,“ истакнува претседателката на брендот, Џенифер Сеј, која уште додава: „Како компанијата која ги слави пионерите и се стреми да донесе инвентивни еколошки решенија на пазарот, ние го видовме сопствениот глас во овие млади лидери. Промената ќе дојде ако сите ние работиме заедно и ние сме почестени да соработуваме со нив во намалувањето на нашиот колективен импакт врз планетата.”