Lacoste своите доставни листови ги претвори во гест на солидарност за најранливите
Најдобар доказ за елеганцијата е колективната игра, поради што Lacoste и агенцијата BETC ја завршуваат оваа многу посебна година со воспоставување активности во корист на француската асоцијација Apprentis d’Auteuil , која од 1866 година работи на полето на на образование, обука и општествена и професионална интеграција на младите низ цела Франција.
Во периодот од 14 до 20 декември, сите нарачки за Lacoste.com испратени од Франција ќе вклучуваат доставни листови за Apprentis d’Auteuil. Овој ваучер ќе овозможи бесплатно испраќање едно или повеќе парчиња облека до здружението, од кој било бренд.
„Фондацијата Lacoste соработува со Apprentis d’Auteuil веќе неколку години преку програми за интеграција на младите преку спортот. Со кампањата „Донирај за добро“, ние продолжуваме со нашата заложба заедно со здружението да им помогнеме на најранливите“, рече Кетрин Спиндлер, извршна потпретседателка за брендирање и маркетинг во Lacoste.
„После грозната 2020 година и прославата во чест на нејзино завршување, што за некои ќе биде и повеќе од тешко, сакавме да додадеме гест на солидарност преку нарачките на Lacoste за време на недели за е-трговија“, изјавија Аурели Скалабре и Оливие Аумард, креативни директори на агенцијата BETC.
Откако поминавме поголем дел од оваа година во нашите домови, плакарите се полни со облека која ретко, или никогаш несме ја облекле, а е во одлична состојба. Можеби е погрешна боја, погрешна големина или едноставно не е во наш стил, „Донирај за добро“ им дава втора шанса на овие облеки, давајќи важен значаен придонес во здружението Apprentis d’Auteuil, за поддршка на општествената и професионалната интеграција во Франција.
Фондацијата Apprentis d’Auteuil е основана во 1866 година, со мисија да ги прифати, едуцира и интегрира младите и да им помага на семејствата кои се наоѓаат во тешка ситуација.
Кампањата „Донирај за добро“ дополнително го зајакнува ова партнерството со компанијата Lacoste, кое трае повеќе од 10 години, поддржувајќи ја општественатаи професионалната интеграција на повеќе од 30 000 млади луѓе во Франција секоја година.