Станува збор за иницијатива зад која стојат две жени креатвки, Лина Францон и Јохана Јохансон, со крајна цел за создавање на порамноправна огласувачка индустрија.
Иницијативата започна во есента 2016 година, кога два пријателки и поранешни колешки го започнаа шведскиот претходник на овој проект, “Kreatörskvinnor“. Добија многу позитивни реакции и барања за проширување на проектот на глобално ниво, како и вклучување на повеќе професии.
Со помош на кампањата Kickstarter, поддршка од дваесет агенции и 145 поединци, ad-women.com е подготвен денес да и` обезбеди на индустријата жени кандидатки за било која позиција, а за жените е пример кој докажува сека сè е можно.
До денес, регистарот содржи триста жени од целиот свет, но ова е само почеток, а иницијаторите сметаат дека оваа бројка секојдневно ќе расте. Тука можете да дознаете повеќе за иницијативата, да се регистрирате и да побарате женски таленти.