Httpool го лансираше InArticle огласниот формат во Македонија, кој беше вклучен како интегрален дел од кампањата на брендот Timberland на Fashion Group. Видео рекламите снабдени од огласувачот одеа на www.off.net.mk (11-13.03) и www.mkd.mk (14-17.03).
Овој видео формат е одличен за огласувачите кои веќе имаат соодветна видео содржина и веб страница. Карактеристиките на овој видео формат се следните:
– Плаќањето е на база на прикажувања, а на огласувачот и на медиумот му се наплаќаат само потврдените прикажувања (оние прикажувања во кои огласот бил во видното поле на корисникот повеќе од 2 секунди).
– Во текот на видеото, возможен е клик било каде на огласната површина, која води на саканиот URL. По завршување на видеото, може да се постават три клик дестинации, кои или би воделе кон повторно пуштање на видеото, или кон веб страницата на огласувачот, или пак кон Facebook/ Twitter страница по избор.
– Видеото почнува да се прикажува автоматски откако ќе влезе во видното поле на корисникот, а звукот на видеото се пушта кога корисникот со курсорот ќе помине над површината на видеото;
– Во случај во моментот да нема релевантни огласи за прикажување, огласот не зазема простор на веб страната.
На следниов линк можете да видите како практично изгледа еден текст со InArticle видео: http://labs.httpool.com/pushdown/
Медиумите, пак, може да го зголемат нивниот приход со видео огласи прикажани во самите артикли. Ова е особено корисни за оние македонски медиуми на кои им недостасува видео содржина во која може да продаваат огласен простор. InArticle видео им овозможува да продаваат видео огласи на брз, лесен и ефикасен начин. Бидејќи огласот се прикажува во самата статија, тој овозможува дополнителни приходи бидејќи не ги зафаќа стандардните огласни позиции.
За повеќе информации, обратете се на +02 30 60 888 или на Info@httpool.com.mk.