Агенциите Olaf&McAteer од Белград и Dialog komunikacije од Загреб лансираа нов бренд на регионалниот комуникациски пазар наречен Central Point Adria.
Central Point Adria ќе претставува регионален центар кој нуди услуги за управување со комуникациите во Јадранскиот регион и опфаќа, покрај Србија и Хрватска, уште шест пазари: Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија.
На клиентите ќе им обезбедува длабински увид во регионалните пазари, комбинирано знаење на агенцијата и способност за оптимизирање на ресурсите, работејќи на принципот SPOC („Единствена точка на контакт“). Тоа значи дека клиентите, во согласност со сопствената организациска шема, ќе избираат дали управувањето со комуникациите во регионот ќе го препуштат на тимови во Белград или Загреб.
Љиљана Бољановиќ, директорка на агенцијата Olaf&McAteer, рече: „Повеќе од 15 години соработка на слични проекти ни помогна да препознаеме што им треба на регионалните клиенти. Тие сакаат нивните комуникациски проекти во Јадранскиот регион да бидат ефикасни во однос на капацитетите и ресурсите, подобро координирани, со додадена вредност што доаѓа од синергијата на координирани тимови во Загреб и Белград. Предноста на нашата платформа не е само во нашето одлично познавање на можностите во оваа област, туку и во големиот број комуникациски километри што ги поминавме заедно со другите партнери во регионот. Значи, наместо клиентите да бараат пет или шест агенции во регионот, со ангажирање на една добиваат мрежа која се управува од еден центар. Central Point Adria само дава рамка на она што го правиме повеќе од една деценија. Затоа сме подготвени да почнеме, веднаш“.
Марина Чулиќ Фишер, директорка на агенцијата Dialog komunikacije, додаде: „Горди сме што го префрливме нашето долгогодишно партнерство со колегите и пријателите од Olaf во соработка што ќе ни обезбеди и нам и на нашите клиенти можност за понатамошен развој и напредок. Гледаме голем потенцијал во регионалното поврзување. Central Point Adria претставува можност за поефикасна комуникација меѓу нашите партнери и отвора голем број нови деловни можности.“