“Уште многу одамна ја освоивме Македонија заедно со соседните земји во регионот, прераснавме во бренд кој можете да го најдете во трафика во Мароко, во супермаркет во Квинс или во продавничка во Париз.По повод 40 години од нашето постоење, навистина можеме да кажеме дека Стоби Флипс го има насекаде“ – се вели во најавата од АД Витаминка на видеото кое го следи патувањето на еден од најпрепознатливите македонски брендови во вселената!
Лансирањето на Стоби Флипс во вселената беше организирано од маркетинг агенцијата Division. Флипсот беше лансиран на околу 36 000 метри и целиот пат до орбитата на Земјината топка е регистриран во видео запис кој можете да го погледнете во продолжение: