Jавноста во Јужна Америка или поточно во Аргентина од неодамна е “сведок“ на лансирањето на новиот бренд на Кока Кола – Coca Cola Life. Составот на новиот продукт е од растението Stevia чии што листови се користат како засладувач и замена за шеќерот.
Со ова, Coca Cola life доаѓа на пазарот во Аргентина со зелена етикета која што треба да ја смени сликата на Coke, односно од« вештачки производ » кон природен.
Со новиот Coke рецепт, замената на етикетата и името, Кока Кола се надева дека ќе допре до нови консументи односно оние што се загрижени за нивното здравје и што водат сметка за нивната благосостојба (well being). Се смета дека овие потрошувачи се поодговорни и со поголемо внимание кон природата. Впрочем и самата зелена боја може веднаш да ни даде асоцијации на зеленило т.е природа, додека црвената боја на етикетата силно ја симболизира љубовта, желбата, страста, енергијата итн.
Но ова сигурно не е прв пат на Coca Cola Company да менува боја на етикета и името. Сите ги знаеме Coca Cola Light, Coca Cola Zero и Coca Cola Cherry која што сеуште не е достапна до македонските потрошувачи.
Овој нов Coke пијалок сеуште не е лансиран на Европскиот пазар поради истражувањата на пазарот со цел да се види дали европскиот потрошувач е подготвен да се впушти во нова Coke авантура фокусирана кон «природата».
Од маркетинг аспект, ова се смета за «line extension of Coke» бидејќи се работи за производ во истата product category. Доколку цената на Coca Cola life е иста со Coca Cola light, Classic, Zero тогаш се работи за хоризонтална line extension of Coke. Доколку цената е повисока, тогаш се работи за вертикална «line extension of Coke».