Како бренд, Next JOY се позиционираше како миленик на тинејџерите. А кога си миленик, потребно е својот статус и да го оправдаш! Агенцијата McCann и овај познат бренд тоа успееја да го направат на досега невиден начин.
Со лансирање на нов вкус на праска, компанијата тектонски помести цела една генерација преку ТВ реклама во која е претставен музички спот, а чии актери се тинејџери кои на најразличен начин ги надминуваат своите несигурности. Но, тоа не е се`. Позициониот слоган кој двосмислено порачува “Само пробај“, беше инспирација ни помалку ни повеќе до моментално најпопуларната музичка ѕвезда Коби, чии стихови за кратко време станаа хит помеѓу целната група, но и пошироко. Овој спот за помалку од една недела е прегледан повеќе од милион пати.
„За креирање на ваков тип на кампањи пред се` е потребен силен тим, кој со својата експертиза ќе придонесе за секој сегмент од развојот на идејата и егзекуција на сите канали. Од позициониот слоган кој денес стана сленг, преку креативната егзекуција и линеарна драматургија во која непретенциозно е вткаена стратегијата, па се до современтиот визуелен идентитет и самиот Коби, како глас на една генерација – ова беше една голема авантура чиј квалитет покажува реакции. Next JOY стана бренд што не се наметнува на својата целна група, туку јаљ охрабрува, инспирира и едноставно е кул“, објасни Јелена Илиќ, Senior Copywriter, во McCann Белград.
„Кога станува збор за JOY и кампањата “Само Пробај“, имавме двоен предизвик – како да се прави разлика во однос на темите, но и во однос на тонот и стилот на кој брендовите им се обраќаат на тинејџерите. Повеќето брендови, а не само локалните, им се обраќаат на тинејџерите како „огласувачите ги замислуваат тинејџерите“ и ги земаат здраво за готово податоците и истражувањата што ги имаат за оваа целна група. Ние одлучивме моментално нивната омилена музичка ѕвезда директно да разговара со нив – затоа што тој навистина го претставува гласот на таа генерација, како преку темите со кои се занимава, така и преку стилот со кој се издвојува“, додаде Александар Милојевиќ, стратешки планер, McCann Белград.
„Тешко е да се биде и да се остане лидер на пазарот многу години, а neXt Joy е еден од брендовите кој успева во тоа повеќе од една деценија. Тој успешно се спротивставува на „нападите“ дури и на најголемите играчи затоа што претставува повеќе од бренд – тој претставува симбол за успех за тинејџерите на кои им се обраќа, поддршка за полесно да се справат со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Како што подразбира и неговото име, neXt Joy е повеќе од радост – тоа е состојба до која доаѓате кога верувате во себе и ги надминувате малите несигурности што се јавуваат во секоја тинејџерска возраст. Ова е исто така пораката што сакавме да им ја пренесеме на тинејџерите – „САМО ПРОБАЈТЕ да верувате во себе и да бидете свои!“. Сепак, она што е клучно за успехот на оваа кампања е да разговарате со тинејџерите „на нивниот јазик“, наместо да се обидувате да „бидете паметни“ и да им кажувате што да прават. Затоа McCann, како агенција која ги следи трендовите, го препозна Коби кој треба да им се обрати наместо нас, да ја пренесе таа порака. Ние им верувавме и ја направивме оваа одлична кампања“, заклучи Ивана Илиќ, бренд менаџер на компанијата Кока-Кола.