Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola го лансираше својот најнов производ на американскиот пазар – Кока-Кола со кафе (Coca-Cola with Coffee).
Пијалакот, кој претставуа микс на стандардна Кока-Кола и кафе, ќе биде достапен во три вкусови: темна мешавина, карамела и ванила. Исто така, достапна ќе биде и верзија без шеќер, со вкусови на темна мешавина и ванила.
Според Брендан Стрикланд, бренд директор на Coca-Cola, новиот пијалак ќе нуди емоционално и функционално воздигнување – на поголеми, посмели и поразлични начини.
„Кока-Кола со кафе е навистина хибридна иновација која ќе го нуди совршеното решение за попладневните потреби на подигнување на духот, особено во денешните услови на работа од дома. Сега не мора да се откажете од Кока-Кола за да го добиете вашето кафе,“ истакнува Стрикланд.
Една стандардна лименка од новата Кока-Кола со кафе содржи 69 милиграми кофеин – нешто повеќе од половина од вообичаена шоља кафе, но повеќе од дупло од обична Кока-Кола.