Пополнувајте бескрајни формулари или вечно чекајте ред на шалтер :)
Првиот хрватски бренд на 100-отстотно дигитално осигурување, LAQO, од неодамна е присутен и во метаверзумот – интернет просторот на виртуелната реалност со нова димензија на корисничко искуство. Со цел малку да се пошегуваат со конкуренцијата, LAQO и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, со помош на Rezolut, го создадоа Музејот на осигурувањето на LAQO во метаверзумот, прв од ваков вид во светот.
Во него корисниците можат да ги искусат осигурителните практики кои благодарение на LAQO осигурувањето сега се дел од музејот. Таму можете, на пример, да пополнувате бескрајни формулари или да чекате вечно на ред на шалтер додека не се врати службеничката од ручек. Ако одлучите, пак, да го земете вашето осигурување преку дигитален пат, музејот нуди пристап до веб-страницата на LAQO, каде што можете да видите колку емисии на CO2 сте заштедиле благодарение на таа одлука.
Музејот на осигурувањето на LAQO се наоѓа на метаверзумската платформа Decentraland наменета за размена, тргување и промоција на виртуелни предмети помеѓу корисниците. Таа комбинира виртуелна и проширена реалност и се заснова на блокчејн технологија која им овозможува на корисниците да купуваат предмети со криптовалути.
Главна карактеристика на Decentraland е децентрализираноста, што значи дека платформата е во сопственост и управувана од самите корисници. Како трговски простор, таa претставува и место за промоција на брендови и компании кои таму наоѓаат бројни начини да ја подобрат својата позиција на пазарот и да создадат препознатливост.
Со влегувањето во виртуелниот свет на метаверзумот, Кроација осигурување со својот бренд LAQO, првата хрватска 100-отстотно дигитална осигурителна и технолошка иновација, продолжува да го води осигурителниот пазар со иновации во дигиталниот свет.
„Од самиот почеток, LAQO континуирано работи на зајакнување на својот дигитален идентитет преку бројни иновации. Сега влеговме во метаверзумот и стоиме покрај технолошки најнапредните компании како први од нашата област. Иновативноста е во сржта на брендот, а тоа го покажуваат и проектите кои досега успешно ги реализиравме – програмата LaqoPrevent, која придонесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на емисијата на CO2 при возење, како и плаќање со криптовалути. Можеби не знаеме како ќе изгледа иднината, но подготвени сме за неа“ – изјави Ана Зовко, директор на Секторот за дигитален развој на Кроација осигурување.
Зборувајќи за перспективите на метаверзумот на презентацијата на Музејот, Давор Брукета, креативен директор на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, посочи: „Во изминатите години метаверзумот беше во фокусот на јавноста, која премногу нестрпливо очекуваше нереални случувања во развојот на платформи и хардвер. Сега јавноста се занимава со ботови со вештачка интелигенција, додека глобалните технолошки компании продолжуваат да инвестираат многу во метаверзумот. Иако Музејот на осигурување на Decentraland е првенствено комуникациски мотив, шега со која сакаме да истакнеме дека некои осигурителни практики имаат свое место во историјата, LAQO трајно се смести во метаверзумот и има намера да ја искористи секоја можност што овој канал ќе ја отвори во иднина. Таму им се придружи на стотици светски брендови кои експериментираат со новата димензија на дигиталната социјализација и сите нејзини ефекти врз бизнисот, општеството и поединеците“.
Кроација осигурување, како дигитален и пазарен лидер, континуирано води со промени на осигурителниот пазар. Зачекорувањето во метаверзумот е само една од дигиталните иницијативи на Кроација осигурување, која во последните три години инвестираше повеќе од 250 милиони куни (32,7 милиони евра) во дигитализирање на сопствениот бизнис и зголемување на нивото на дигитално знаење во осигурителната индустрија.
„Ние во Кроација осигурување гледаме можност во новите технологии. За нас, метаверзумот е уште една област каде што ги поместуваме границите на осигурителниот свет. Во последните три години инвестиравме повеќе од четири милиони куни во развојот на знаењето преку соработка со факултети, високообразовни институции и поддршка на бројни професионални проекти. Нашиот постдипломски специјалистички курс во соработка со Факултетот за електротехника и компјутерски науки ја запиша својата трета генерација и е отворен за сите на пазарот. Двојно го зголемивме бројот на вработени во ИТ и дигиталните оддели, а преку посебни развојни програми вработуваме и млади ИТ практиканти. Нашите дигитални проекти освојуваат награди и постигнуваат одлични резултати. Ние соработуваме со водечки домашни и меѓународни провајдери на технологија за врвни решенија за клиентите. Наша одговорност е да ја разбереме иднината и да се подготвиме за неа според очекувањата и потребите на нашите корисници. Од 2020 година до денес инвестиравме повеќе од 250 милиони куни во дигитализацијата на бизнисот, а годинава ќе продолжиме со инвестиции со дополнителни 100 милиони куни“ – заклучува Давор Томашковиќ, претседател на Управниот одбор на Кроација осигурување.