Ако сеуште не го скротивте својот лав, еве прилика да дознаете каква агенциска клима е најпогодна за него и да тргнете во лов!

Тој не е само награда – лавот од BalCannes има карактер и не се вклопува било каде, туку, во манир на крал на комуникациската џунгла, мудро ги избира победничките агенции кои нижат успеси. Пријавите се во тек, па затоа, истраживме како лавовите се сместија во минатогодишните победнички агенции, добитниците на наградите за најдобри проекти по изборот на жири од агенции, медиуми и огласувачи, најдобар проект на повеќе пазари од регионот, најдобар проект на BalCannes и конечно, најдобра агенција на BalCannes.
Во некои агенции лавот има своја привилегирана позиција и мотивира, авторитативно ги следи проектите и чека нови награди, додека во други, тоа е домашно животно со кое секогаш можете на одите на прошетка, но и да испиете пријателско кафе. Но, сите се согласија во едно – на победниците, лавот сигурно им носи среќа бидејќи, на се` што ќе допре, остава дел од својата креативна блескава прашина.
Доколку сакате упатства за ловење и дресура на лав, прочитајте ги приказните за лавовите од BalCannes. И не чекајте, пријавете ги веднаш своите проекти – затоа што само најхрабрите добиваат лавови.