Дел од компаниите се откажаа од плаќање на интернет ѕвезди кои често купуваат следбеници, лајкови и коментари, а некои се сомневаат и во користа од таквиот начин на огласување
Спрема предвидувањето на агенцијата за инфлуенсер маркетинг Mediakix, со текот на оваа година огласувачите ќе потрошат помеѓу 4,1 и 8,2 милијарди долари на инфлуенсери, што е голем пораст во однос на 2015 година кога таа цифра изнесуваше околу 500 милиони долари, но сепак станува збор за мал удел на вкупниот пазар на огласување.
Исто така, константно растат и сумите кои се трошат на објавите, па додека инфлуенсерите со 10-тина илјади следбеници на Инстаграм можат по објава да добијат 200 долари, познатите инфлуенсери со милион следбеници можат да заработат и повеќе од пола милион долари само за една фотографија.
И покрај растот на потрошувачката и се` поголемиот број на инфлуенсери, дел од компаниите престанаа да користат услуги на интернет ѕвездите, а некои стручњаци предвидуваат како тоа би можело наскоро да стане тренд и дека се` повеќе компании ќе вложуваат помалку пари во инфлуенсерите или потполно ќе се откажат од таквиот начин на огласување.
Постојат повеќе проблеми кои се однесуваат на маркетингот со инфлуенсери– прво, луѓето кои на социјалните мрежи имаат голем број на следбеници, а кои спонзорите ги плаќаат за објави губат се` повеќе кредибилитет помеѓу своите следбеници, бидејќи често рекламираат производи кои воопшто не ги користат и не им се допаѓаат. Исто така, тешко е и да се мери успехот на таквите кампањи и колку на брендовите воопшто им се исплати да вложат пари во таков облик на огласување.
Стар проблем е и купувањето на лајкови, коментари и следбеници и спрема некои пресметки, таквите лажни инфлуенсери и лажни следбеници ги чинат огласувачите дури околу 1,3 милијарди долари. За само 16 долари може да се купат илјада следбеници на Инстаграм, а истражувањето кои го спровеле некои компании (како што се Good Company и HypeAudotorium), покажуваат дека меѓу половина и две третини инфлуенсери купуваат следбеници, лајкови и коментари.
Marcelo Camberos, еден од стручњаците за таквиот облик на огласување, вели дека не е сигурен дали инфлуенсер маркетингот го има достигнато максимумот, но неговата компанија (Ipsy), која е меѓу првите кои користела познати интернет ѕвезди во својата кампања, се откажала од нив.
За Anders Ankarlind од Good Company нема двоумење за моменталната состојба на пазарот инфлуенсер маркетинг: „ Балонот почнува да пука‘‘ бидејќи корисниците денес знаат кој користи производи, а кој само се обидува да извлече пари. Во разговорот за WSJ тој напомена дека кај класичните билборди и огласи огласувачите знаат што плаќаат, додека со инфлуенсерите станува збор за друга работа.
Кон тезата за ослабувањето на таквиот облик на огласување оди во прилог и на падот на интеракцијата на корисници со спонзорирани содржини и лајкови и коментари во однос со минатата година.
извор: Zimo.hr