Кога ќе фатат горештините, луѓето не бираат средства како ќе се разладат – стоење во река, поливање со леѓен, стратешко позиционирање до најблискиот вентилатор или клима, па дури и ставање на главата во фрижидер….
Но, за потрошувачите на хрватскиот пазар, пивскиот бренд Karlovačko триумфално декларира дека ова лето го носи „новиот најдобар начин за освежување“ – Karlovačko Ledeno.
Со цел промоција на новото „ледено“ пиво со полн вкус, кое лесно се пие и има термо етикета, брендот ја ангажираше наградуваната креативна агенција Bruketa&Žinić&Grey.
Инспирирани од секојдневните „ритуали на разладување“, тие создадоа „ледено добра“ кампања која несомнено ќе ве натера да отворите едно ладно шише – седнати со добро друштво под сенка, со музика и мезе, да уживате во летото: