Данскиот бренд на играчки LEGO ги соопшти плановите за изградба на својата прва целосно еколошка, јаглеродно-неутрална фабрика, и тоа во Виетнам.
Изградбата на фабриката ќе чини 1 милијарда долари и таа ќе биде најголемата на брендот досега.
Својата јаглеродна-неутралност ќе ја постигне со соларни панели на покривот и суплементарни панели преку Виетнамско-сингапурскиот индустриски парк (VSIP). Дополнително, фабриката ќе биде изградена врз златните LEED-стандарди за енергетска ефикасност, користење на вода и управување со отпад.
Опремата за производство, како и возилата за транспорт, исто така ќе бидат еколошки и врз база на електрична енергија. LEGO на просторот на фабриката ќе посади 50,000 дрвја, со цел да компензира за вегетацијата која ќе биде уништена со изградбата.
Одговарајќи на критиките за уништувањето на вегетацијата и животот во неа со изградбата на новата фабрика, LEGO посочуваат дека изградбата на фабрика во регионот ќе го намали нивното вкупно јаглеродно влијание врз светот со скратување на времето за транспорт.
Од компанијата исто така се заблагодарија на виетнамската влада за нивната заложба кон еколошките проекти и за отвореноста за соработка со странски компании.
Според LEGO, фабриката ќе има потенцијал да создаде 4,000 нови работни места во период од 15 годони. Изградбата треба да започне во втората половина на 2022 година, а производството да отпочне во 2024 година.