Брендот за играчки LEGO овој пат се одлучи да им посвети внимание на возрасните, со надеж дека ќе ги предизвика да се потсетат на нивните детски денови и повторно да ја разгорат својата креативна страст.
Новата „уметничка“ серија на комплети од LEGO, создадена во соработка со Фондацијата Енди Ворхол, Битлси, Студио Марвел и Лукасфилм, ќе им даде можност на фановите преку употребата на дводимензионални LEGO плочки да ја рекреираат познатата графика со Мерлин Монро на уметникот Енди Ворхол, портрети од членовите на Битлси, постери од стрип-јунакот Iron Man, како и портрети на негативците во Star Wars.
Комплетот ќе вклучува и соодветен аудио производ кој вклучува интервјуа со професионалци кои се темелно запознаени со конкретниот феномен на популарната култура. Според LEGО, овие интервјуа треба да им помогнат на луѓето да се опуштат и целосно да се внесат во искуството.