Внатрешната креативна агенција на LEGO Group, позната како „Our LEGO Agency“ (OLA), соопшти две нови имиња во високото раководство на агенцијата кои што треба да ја засилат нивната креативна продукција и да му помогнат на брендот во остварувањето на својата мисија за инспирација на „градителите на иднината“.
Како нова глобална креативна директорка е назначена Женевива Хои, чие седиште ќе биде канцеларијата на OLA во Копенхаген. Со своето повеќе од дведецениско искуство во маркетингот, страста за иновации и активната примена на мултидимензионален и мултидисциплинарен пристап, Женевива добива задача да изнајде нови и возбудливи начини како ќе ја раскажува приказната на брендот и ќе ги изрази неговите вредности пред јавноста.
Другото ново име е Марина Бенкс, која е назначена за директорка за комуникации, партнерства и операции во „Our LEGO Agency“ за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА). Нејзиното седиште ќе биде во канцеларијата во Лондон. Благодарение на своето долгогодишно искуство во агенцискиот свет, задачата Марина ќе биде да поттикнува иновации, соработка и висококвалитетна креативноста кај регионалниот тим на OLA.
„Среќен сум што им посакувам добредојде на Женевива и Марина во тимот на OLA, и уверен сум дека нивното разновидно и неверојатно искуство ќе ни помогне да ги издигнеме на едно повисоко ниво нашите креативни и оперативни практики во толку важно време за нашата агенција и бренд. Продолжуваме да го развиваме нашиот глобален пристап и наградуваната креативна работа помеѓу нашите централи и канцеларии, а да се има вистинскиот талент за спојување на сето ова мислење има клучно значење за успехот на нашите тимови“ – посочува Ник Тејлор, виш потпретседател и глобален директор на „Our LEGO Agency“.