Компанијата за играчки и еден од најомилените брендови во светот, Lego, се приклучува кон бојкотот на социјалните мрежи и нема да се огласува на нив во следните 30 дена.
„Ние сме посветени да имаме позитивно влијание врз децата и светот кој тие ќе го наследат. Тоа вклучува прдинесување кон позитивна и инклузивна дигитална околина, ослободена од говор на омраза, дискриминација и дезинформации. Ние ќе превземеме итни чекори за внимателна ревизија на стандардите кои ги применуваме за рекламирање и интеракција на глобалните социјални платформи. Додека го правиме тоа, ќе го паузираме сиот платен адвертајзинг на глобалните социјални платформи најмалку 30 дена,“ соопшти Јулија Голдин, генерален маркетинг директор на Lego.
Досега кон бојкотот на социјалните мрежи, пред сé Фејсбук, се приклучија над 400 брендови, вклучувајќи ги и Coca-Cola, Microsoft, Starbucks, Unilever, Ford, Viber и многу други.
Сé започна пред неколку недели откако Фејсбук одби да го цензурира американскиот претседател Доналд Трамп поради објавувањето на наводно „насилни“ пораки. Во меѓувреме, Фејсбук најави промени и заострување на правилата за политичко огласување на платформата.