Данскиот бренд за играчки LEGO ја објави својата овогодишна празнична реклама во која ги слави креативните потенцијали на децата и магичните искуства кои тие ги доживуваат играјќи со лего-коцките.
Рекламата прикажува повеќе семејства кои ги сведочат радосните авантури на своите деца кои создаваат и градат цели имагинативни светови со помош на лего-коцките. Сите приказни, карактери, фантастични суштестви и превозни средства прикажани во рекламата се базирани врз веќе постоечки производи на LEGO, од витези, принцези и змејови, па сé до астронаути и научнофантастични роботи.
Рекламата е пропратена со легендарната песна „What a Wonderful World“ на Луис Армстронг и претставува дел од пошироката кампања насловена „Rebuild the World“ („Обновете го светот“).