Креирана во соработка со агенцијата BETC, кампањата Rebuild The World го слави бескрајниот потенцијал на креативноста и играта
Групацијата LEGO денес ја започна кампањата “Rebuild The World“, нова глобална комуникациска кампања на брендот, која ќе биде поддржана од ТВ, онлајн и OOH реклами, креирани од страна на агенцијата BETC, а во соработка со LEGO Agency.
“Rebuild The World“ ја слави моќта на креативноста и нејзината способност да го промени светот. LEGO е игра која нè повикува да ја негуваме креативноста на нашите деца, како основна вештина за раст во опкружување кое постојано се менува, им овозможува на децата бесконечно одново да се градат, фантазирајќи за креативни решенија, фасцинантни приказни и нови светови.
Кампањата Rebuild The World покажува повеќе можности, истражувајќи што може да се случи доколку нашиот свет личи што повеќе на LEGO® игра. Кампањата покажува како LEGO може да создаде послободен, позабавен и поразигран универзум со преземање на нешто обично и претворајќи го во нешто неочекувано. Честопати, децата им пристапуваат на проблемите на покреативен начин од возрасните и без оглед на пречките што се појавуваат, тие гледаат забавни можности за надминување на пречките. Не смееме да заборавиме утрешниот свет ќе го креираат денешните деца!
Кампањата Rebuild the World вклучува ТВ-реклама која ќе се прикажува во кината и на ТВ-екраните, на дигиталните билборди во поголемите градови како Лондон, Париз, Пекинг, Мексико Сити, Берлин. Сан Франциско и Њјорк и на социјалните мрежи. Оваа кампања за прв пат беше креирана во соработка на агенцијата BETC и Групацијата LEGO.
Музиката за ТВ-рекламата ја потпишуваат електро-музичарите и композитори Flavien Berger и JACQUES. Специјални ефекти доаѓаат од Mikros MPC.