Германскиот фотографскиот бренд Leica и јапонскиот технолошки гигант Panasonic склучија партнерство за маѓусебно споделување на технологии и знаење, а сé со цел развој на новата генерација на камери, фотоапарати и леќи.
Здружениот проект под името L² Technology ќе ги ползува оптичките технологии на Leica и видео и дигиталните технологии на Panasonic, овозможувајќи им на двете страни заеднички да вложуваат во нови иновации кои потоа ќе бидат инкорпорирани во идни камери и леќи.
Новите технологии главно ќе се инкорпорираат во производите под брендовите Leica и LUMIX, а сето тоа во насока на создавање нови можности за креативна употреба на фотографските технологии, како и проширување на способносите на фотографските и кинематографски уреди.
„Со доаѓањето на ерата во која фотографиите и видеата се споделуваат глобално во реално време, од камерите се бара да имаат способност да создадат повпечатлив и воодушевувачки израз“, рече Акира Тојошима, извршен директор во Panasonic Entertainment & Communication Co Ltd.
„Отсекогаш сум бил импресиониран од високиот квалитет на сликата и филозофијата за создавање слики што Leica ја развила во текот на својата долга историја. Многу сум задоволен и возбуден што ќе продолжам да работам со Leica за развој на технологија која ќе им овозможи на луѓето ширум светот да ги споделат своите емоции“, додаде тој.