Заклучоци од вебинарот DIRECT TALKS From Home 05: Дали е-commerce е иднината на трговијата во Србија?
И покрај сите предизвици, пандемијата беше своевиден акцелератор за електронска трговија во Србија.Сега, останува на маркетерите да ги задржат новите корисници на онлајн купување, преку прецизна анализа на податоците и создавање на добар consumer journey. Од друга страна, е- commerce заедницата мора да работи заедно за да изнајде решенија за проблемите со испорака и да ги присили сите, па дури и малите производители, кон онлајн трговија.
Учесници на вебинарот:
Михаило Поњавиќ, CEO, Superkartica
Маја Марковиќ, Head of Digital Marketing Department, Mercator S
Марко Мудриниќ, Managing Director, Netokracija
Марко Илиќ, Business Development Manager, Dijaspora.Shop
Билјана Стојковиќ, Business Solutions Director, Wireless Media
Разговорот го водеше: Игор Чернишевски, Head of Digital, DIRECT MEDIA United Solutions
Иако се верува дека е-трговијата порасна за време на пандемијата, таа на европскиот пазар доживеа пад, без оглад на фактот што одредени категории профитираа, како на пример, храна, средства за хигиена и лекови.
„Слична е ситуацијата на српскиот пазар, кој исто така бележи стагнација, а за тоа придонесува податокот дека 70% од направените нарачки никогаш не биле испорачани поради тесно грло во испораката. За различни компании и категории на производи, проблемите се наоѓаат на различни места, а оние кои се идентификувани како клучни, се самите платформи за е-трговија и технологијата како ограничувачки фактор, недостапноста на производот, како и логистиката на испорака“, вели Игор Чернишевски. Тој наведува дека сепак е направен исчекор, односно е остверена квалитетна е-трговија, што е поткрепено со забележливиот раст на маркетинг кампањите фокусирани на е-трговија, како и нивните очигледни резултати.
“Супер Картица“, како платформа за лојалност и маркетинг-комуникациска платформа, бележи раст на потрошувачката корпа за 91% кај активните корисници, при што податоците од странските партнери зборуваат за повеќе од интересни трендови во навиките на потрошувачите. „Главните феноменолошки двигатели на купувањето се „fear, need, greed“, а ние сега полека влегуваме во доменот на потребите, каде на пример, во “Интерспорт“ е забележан раст на купувањето “на големите спортски реквизити, тренажери, а сега и тротери и ролери, па се чини дека сите се подготвуваме за пролет, бидејќи стравот исчезна. Според податоците на “Техноманија“, скокна продажбата на работни реквизити, лаптопи, печатари, потоа апарати за леб и фрижидери за замрзнување. Имаме скок во купувањето Play station конзоли, тримери, депилатори. “Сбербанк“ забелажа скок во платежните картички и 13% на нови корисници, “Направи Сам“ го зголеми бројот на корисници преку интернет за 80%, а “Метро“забележа зголемен пораст на онлајн продажбата на обувки за 250%“, вели Михајло Поњавиќ и истакнува дека самата “Суперкартица“ имала голем раст на сите параметри на социјалните мрежи и другите онлајн канали за комуникација.
Според Маја Марковиќ, Меркатор С забележал огромен пораст во онлајн продажбата на намирници, па дури и десет пати поголем број на ново регистрирани корисници во март. „Се промени и структурата на корисниците, па така потребата за онлајн купување се прошири на сите возрасни групи низ целата земја. Онлајн растот е значително поголем за целата категорија на здрава храна, флаширана вода, свежо месо, овошје и зеленчук, куќна хемија“, вели Маја, наведувајќи дека е забележан и раст на онлајн плаќањата. Според неа, логистиката е тесно грло на процесот, особено кога станува збор за храна, бидејќи нејзината дистрибуција подразбира високи стандарди. „Ние имаме специјални камиони за превоз на стока, но не беше лесно да се исполни таквата побарувачка. Во сето ова, не смееме да заборавиме дека луѓето од првите редови се под голем притисок и дека мораме да го зачуваме нивното физичко и ментално здравје. Активно преговараме со сервисите за испорака на пазарот и се надеваме дека ќе можеме да организираме намирниците да пристигнуваат за помалку од два часа“, вели Маја, додавајќи дека Меркатор С ќе ја прошири својата услуга “Click and Collect“ на дури 17 градови и 24 локации.
Според Марко Илиќ, “Dijaspora.shop“ има 20 категории, над илјада подкатегории и 120.000 производи кои ги продава преку својата платформа, а за време на пандемијата имало денови кога продажбата пораснала и до 300%. „Имавме пад на козметика, шминка, парфеми кои сега се враќаат, но генерално продаваме и производи за кои дури и не знаевме дека ги имама во понуда. Имаме соработка со над 130 добавувачи, а нашата општа пракса не е да ги складираме стоките, туку да се потпреме на складиштата на партнерите, така што се случуваше да се појави и вакуум во снабдувањето. Реагиравме навреме, го дислоциравме работењето, го проширивме просторот, почнавме сами да ги складираме стоките, дури бевме принудени да влеземе во наши возила за испорака, а сепак бевме во ситуација кога нарачаните производи пристигаа за време на истиот ден на адресата. Спортска опрема за дома се наоѓа тешко, како и базените за двор на кои сега се фокусираме и ги складираме за продажната сезона. Увозот полека се враќа, но покрај логистиката, проблемот е недостатокот на стока и оптеретувањето на курирските служби “, вели Марко.
Во Wireless Media, кои ги пласираат технолошките решенија на omnichanel,меѓу другото и платформи за e-commerce, забележуваат раст на онлајн купувањето на телекомуникациските услуги. „Не само што се големи купувањето, како на самостојните услуги, така и пакетите со телевизија, туку има и зголемување на активацијата на картичките на постоечките корисниците, заради нови количини на импулси и податоци кои сега им се потребни на луѓето“, вели Билјана Стојковиќ, додавајќи дека телекомуникациските услуги стануваат модерна утилитарна услуга. како што се вода, електрична енергија и комунални услуги.
Според неа, екипата на порталот на е-трговија „ Sasomange“, кој започна со работа седум дена пред пандемијата, забележа шестцифрен раст на корисниците, пред сè на малите и средни претпријатија. „Друг симпатичен проект е “zanateria.com“, мала виртуелна стоковна куќа на крафтерски производи која сега има раст во категориите за козметика, детски играчки и крафт пива. Покрај испораката, што е генерално негативно искуство за сите, имаше забележителен пад на некои веб-страници, проблем со автоматизација на нарачката и прием на нарачките, бидејќи трговците немаа прилагодени решенија за е-трговија“, наведува Билјана.
Што се однесува до самата испорака, таа е, според Марко Мудриниќ, само една во низата тесни грла што ги имавме последниве години во Србија. „Најпрвин, луѓето не беа заинтересирани за е-трговија, потоа немавме добри решенија за прифаќање картички, а сега кога влеговме во вонредна состојба, а луѓето брзаа да купуваат преку интернет, сфативме дека проблем се курирските служби“, вели Марко. Според него, растот на е-трговијата беше евидентен во првата недела од март, а потоа имаше осцилации. „Ние сè уште имаме голем број нарачки, има раст, но логистиката е проблем и од моја гледна точка не гледам брзо решение за овој проблем. Кога станува збор за курирските служби, голем предизвик е тие да се зголемат и не гледам ништо друго, освен сите учесници во заедницата за е-трговија да видат каде потфрлиле и да се обидат да најдат решение“, наведува Мудриниќ.
Од перспектива на DIRECT MEDIA United Solutions, видлив е исчекор во поголемиот број кампањи насочени кон посети на веб-продавници, купување преку интернет, онлајн нарачки.“ Се гледа сè поголем труд и потреба на компаниите кои работат онлајн да инвестираат во квалитетот на корисничкото искуство, креативни решенија и соодветен медиумски микс за да се добијат најдобри резултати од своите активности. Она што се случи со пандемијата е еден вид поттик. Досега Србија заостануваше, имаше мал број на технолошки добри решенија, малку компании кои инвестираат во е-трговија, немаше доволно приходи за да се оправдаат инвестициите, но сега сме во состојба да го преминеме тој праг и електронската трговија да започне да носи сериозни пари“, вели Игор Чернишевски.
Според Михаил Поњавиќ, пандемијата, е еден вид акцелератор на е-трговијата. „Сега тоа останува на маркетерите. Доколку тие веќе го добиле тој корисник, би било штета да не ги обработуваат податоците, да не ги персонализираат понудите и да не се креира соодветно customer journey што ќе ги поттикне корисниците уште повеќе кон онлајн купување. Луѓето се зрели и во моделот ROPO (researh online, purchase offline), и ако предвидувањата се дека до 2024 година, 85% од светската трговија ќе се извршува онлајн, тогаш ова е можност за сите“, вели Михаило.
„На нас останува да ја искористиме оваа ситуација за добробит на сите учесници во дигиталниот екосистем, но за тоа е важна секоја алка во ланецот на е-трговија, вклучувајќи ги и медиумите кои треба да работат на едукација на потрошувачите, вели Маја Марковиќ и додава дека не верува дека после пандемијата, е-трговијата ќе доживее тројен раст, но дека оваа состојба дополнително ќе нè охрабри да размислуваме за креативни решенија за кои ние како пазар сме подготвени.
„E-commerce е столбот на дигитал, а сега тоа и се покажува, бидејќи побарувачката во голема мерка се случува на интернет“, проценува Марко Илиќ, наведувајќи дека електронската трговија ќе има големо влијание врз појавата на нови услуги, како и дека едукацијата, бизнисот и купувачите ќе продолжат да бидат од клучно значење.
Според Билјана Стојковиќ, сега имаме неверојатна количина на податоци, па имаме голема одговорност да ја одржиме е-трговија, односно да ги задржиме корисниците да купуваат онлајн, преку анализа на податоците и персонализиран пристап до корисниците.
Иако верува дека како пазар не можеме да имаме голем експоненцијален раст, Марко Мудриниќ вели дека ќе биде интересно да се види како малите трговци и микро-бизнисите ќе се прилагодат на е-трговијата. „Би сакал да видам системско решение каде ќе се здружат и државата и економијата, со цел малите производители да не бидат жртви и со лошо корисничко искуство да ја загубат работата“, рече Мудриниќ.
Целиот вебинар можете да го погледнете на следниот линк: DIRECT TALKS From Home 05.
* * *
Наредниот вебинар DIRECT TALKS From Home 06 ќе се одржи денес, 30 април во 13 часот на тема: Како ќе изгледаат медиумите во Србија после COVID-19?
Медиумите ширум светот функционират во изменети околности. Како го прилагодија нивното работење? Како планираат да опстанат во ова незизвесно време? Кој ќе биде првиот чекор кој ќе го направат по завршувањето на пандемијата?
Одговорите на овие прашања ги бараме од:
- Предраг Рогановиќ, COO, Adria Media Group
- Јелена Тушуп, Executive Editor, Nova.rs
- Роберт Чобан, President, Color Press Group
- Јасмина Копривица, General Manager, Internet group
- Сретен Радовиќ, Publishing Director, Ringier Axel Springer
Разговорот ќе го води Милица Марковиќ, Corporate Communications Manager, DIRECT MEDIA United Solutions
Резервирајте го своето време, денес, 30 април во 13 часот.
Кон вебинарот можете да пристапите преку следниот ЛИНК.