Како еден од најелоквентните говорници, Мартин Лутер Кинг, остана запаметен и по неговата способност да владее со настаните и сцената со користење на моќен глас.
Неговиот најпознат говор “I have a dream” е рангиран како еден од највлијателните говори во дваесетиот век. Способноста на Кинг да влијае врз срцата и умовите на луѓето со користење на ефективни дијалози е негово наследство за сите нас во бизнисот со јавно говорење и односите со јавноста, па еве сублимирано неколку причини и елементи зошто тој беше толку успешен во своите говори:
- ПОЗИТИВНОСТ – Позитивниот став и пристап (и јазик) е моќен елемент бидејќи истиот предизивикува чувство на инспирација. Позитивната порака секогаш на Вашата публика им испраќа “ветување за подобра иднина”. Во неговиот популарен говор, Кинг користи позитивен став за да мотивира промена.
- ПОВРЗУВАЊЕ – Целта на говорот секогаш треба да биде поврзување. Ако добро ја разбирате публиката и нејзините цели, тогаш Вие можете да креирате силна врска со нив. Најпрво треба да се дефинира што Вие имате заедничко со Вашата публика, потоа да креирате чувство на заедништво и цел која ќе ја адресирате кон публиката. Мартин Лутер Кинг на пример, користеше две вообичаени американски вредности за да го направи тоа – слободата и религијата.
- ПОВТОРУВАЊЕ – Треба да ја одредите основата на Вашата порака и да користите едноставна, но клучна фраза преку која ќе ја искажете поентата. Ова ја прави Вашата позиција чиста и лесна за публиката да може да ја следи. Исто така треба да се размисли за вметнување на збор што ќе се повторува. Кинг ги повторуваше зборовите “I have a dream” на почетокот на неколку фрази – правејќи ја речиси очекувана за неговата публика.
- ПРОЕКТИРАЊЕ – Застанете исправено и проектирајте го вашиот глас така што ќе зборувате со дијафрагмата, не со грлото. Ова ќе обезбеди вашиот глас да биде “приземјен” и да не се напрегате или гласот да стане рапав. Кинг го усоврши своето искуство во говорење како проповедник. Тоа му овозможи да донесе богат тон и стабилност во говорењето. Тој секогаш зборуваше бавно и пренесуваше доверба и интелигенција за сите прашања на кои се осврнуваше.
Молчењето е подеднакво важно. Направете подолги паузи и избегнувајте зборови како “мхм”. Вежбајте. Никој не се родил како целосно спремен говорник. Обидете се во секој нов говор да бидете што подобри и повнимателно да ги следите овие елементи.
Ако имате малку време, погледнете го и видеото од славниот говор на Мартин Лутер Кинг.