Во новото поглавје, парфемот Y за мажи поставува значајно прашање: „Зошто да не?“. Тоа нè охрабрува да ја искористиме можноста, докажувајќи дека ништо не може да не спречи да ги реализираме нашите соништа. Во кампањата се појавува новиот бренд амбасадор, Лени Кравиц – неприкосновена, меѓугенерациска икона на рок-музиката и симбол за успех и харизма која совршено ги отелотворува вредностите на парфемот Y: смел дух во постојана потрага по самоисполнување, секогаш подготвен за предизвик.
Видеото го следи Лени Кравиц во последните минути пред да излезе на сцената, во интимните моменти на преиспитување и размислување. Потоа, кога е сам пред огледалото во својата гардероба, доживува момент на вистина: се сеќава на себеси како тинејџер кој во неговата соба сонува еден ден да стане рок ѕвезда како што е денес. Визуелниот дел од кампањата е придружуван од една од неговите најпознати песни „Are You Gonna Go My Way“.
Режисер на спотот е Антон Корбин, кој е познат по своите вештини и способност да ги „фати“ вистинските емоции на врвните уметници, како што се Дејвид Боуви или Мик Џегер, правејќи документарни филмови за нивните турнеи. Познатиот моден фотограф Дејвид Симс, ги направи визуелните содржини за кампањата.
„Нашата желба е да ги покажеме емоциите и искреноста на успехот. Насоката кон која се движи Антон Корбин ја открива интимноста на Лени Кравиц, што и дава дополнителна искреност на кампањата. Таа е многу реална и хумана, што е во согласност со културата што се негува во Ив Сен Лоран“, рече Флоренс Белисон, извршен креативен директор на агенцијата BETC Etoile Rouge, која го креираше видео спотот.
Кампањата ќе биде лансирана на ТВ, билборди, социјални мрежи и продажни места во средината на септември 2020 година за американскиот пазар, а во Европа во јануари 2021 година.