Шведскиот сервис deseat.me нуди едноставен преглед на сите отворени кориснички сметки и нивно бришење на едно место.
Во време во кое дигиталната сфера стана толку се`присутна што повеќе и не следиме кои се` сервиси ги користиме, сервисот за отстранување на несаканите кориснички сметки може да им биде корисен на многумина. Сигурно и самите сте отвориле профили на бројни интернет сервиси, услуги, социјални мрежи и други видови на платформи и можеби на некои сосема сте заборавиле. Или пак, доста ви е од интернет и посакувате да ги избришете сите траги.
Во било која случај, еден шведски тим осмисли апликација која може да ви помогне. Нивниот веб сервис deseat.me е способен да ги пронајде сите кориснички сметки кои се отворени со ваше име, да ги наведе на едни место, и да понуди опција за отстранување на истите – со само неколку кликови.
Се што треба да се направи е да се пријавите на нивната страница со профил од Google и да го оставите системот да направи анализа. Потоа на екранот ќе ви се прикажат еден по еден сите профили за кои можете да одберете – дали ќе го оставите активен или ќе го избришете. Меѓутоа, ако профилите сте ги отварале со други е- меилови освен Gmail, ќе морате, за жал, да ги барате и отстранувате рачно – deseat.me за сега ги поддржува само сметките поврзани со Гугл.