Американскиот моден бренд Levi’s ја лансираше својата нова колекција за сезоната пролет/лето 2022, инспирирана од ретро колекцијата “Fresh Produce” („Свежи производи“) лансирана во 1970-те.
Се работи за колекција на модни парчиња кои зрачат со мека пролетна свежина, која пак произлегува од употребата на природни пастелни бои добиени од растенија, земјоделски нуспроизводи и минерали.
Паралелно со колекцијата беше лансирана и рекламна кампања која прикажува млади луѓе со различен изглед и потекло кои уживаат во своите домови и меѓусебното дружење на топлото време надвор, притоа носејќи ја облеката на Levi’s.
Всушност, со оваа кампања, Levi’s од една страна се претставува како инклузивна модна компанија со традиција која ги слави различностите на луѓето, додека пак од друга страна – како еколошки свесна компанија која се грижи за животната средина преку употребата на одржливи материјали.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Stink Rising.