Јужнокорејската технолошка компанија LG соопшти дека го згаснува своето производство на паметни телефони на светско ниво. Во соопштението на компанијата се наведува дека таа ќе се оддалечи од производството на телефони со цел да се фокусира на други сектори како електричните автомобили, паметните домови и вештачката интелигенција.
Од LG ветуваат дека ќе продолжат да нудат корисничка поддршка и ажирирања на софтеверот за корисниците на веќепостоечките паметни телефони, меѓутоа тоа ќе биде со ограничено време во зависност од регионот.
Компанијата главно се фокусираше на производството на паметни телефони од средна и висока класа, но конкуренцијата во последните години драстично се засили, со произвдувачи како Huawei, Xiaomi и Oppo кои лансираат поефтини модели.
Според одредени шпекулации, LG во текот на минатата година била решена да го продаде својот бизнис на паметни телефони, меѓутоа била во неможност да најде потенцијален купувач како резултат на недостатокот на раст во тој бизнис.
Згаснувањето на производствениот процес на смартфорни се очекува да биде комплетирано до 31 јули 2021, иако веројатно е дека продажбата на преостанатите модели ќе продолжи уште некое време.