Разговор со пријател во ресторан, стоење пред писоар, ставање шминка во автомобил – иако сите овие активности технички се одвиваат во јавност, сепак го цениме нашиот личен простор и нашето право да задржиме некои работи за себе.
Во новата реклама за iPhone, технолошкиот гигант Apple нé потсетува дека и тие го ценат нашето право на приватност. Спотот ги прикажува погореспоменатите ситуации (и неколку други) на еден хумористичен начин, илустрирајќи колку е всушност непријатно кога ќе се наруши приватноста. „Приватноста е важна“ гласи крајната порака која ја испраќа брендот.
Рекламата е дело на агенцијата TBWA/MAL, додека пак режисер е Александар Пејн. Спотот е дел од новата кампања на брендот фокусирана токму на приватноста, a претходно беше најавена преку билборди со пораката „Што се случува на вашиот iPhone, останува на вашиот iPhone.“