Вкупно 32 предавачи и панелисти од 8 земји ќе ги споделат своите знаења и искуства за време на овогодишното издание на регионалната конференција за односи со јавноста PRO PR, која ќе се одржи од 3 до 6 април во хотел Катарина во Селце кај Цриквеница, Хрватска.
Програмското мото на овогодинешната 22. PRO PR конференција е: „Лидерство во комуникациите“. Своите видувања во врска со професијата за односи со јавноста, искуствата со медиумите, внатрешната јавност во една организација и воопшто комуникациските предизвици, ќе ги споделат: Гордана Ковачевиќ, претседател на компанијата Ericsson Nikola Tesla (Хрватска); Јоже Мермал, претседател на Управниот одбор на BTC d.d. (Словенија); Кристоф Шуфбоек, претседател на раководството на Erste bank (Хрватска); и Бранко Митровиќ, извршен директор на One Montenegro (Црна Гора).
Учесниците ќе можат да слушнат повеќе за лидерските искуства во областа на односите со јавноста во разговорот помеѓу Наташа Трслиќ Штамбак, генерален директор за регионот на Централна и Источна Европа во Grayling (Хрватска) и Гергели Абрахам, директор за корпоративни односи за Источна Европа во Diageo (Унгарија).
Конференцијата се одржува под покровителство на Приморско-горската жупанија и градот Цриквеница, а на конференцијата ќе присуствуваат 22 претставници на медиумите од регионот. Повеќе информации се достапни на www.pro-pr.com.