Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, објави германскиот ланец во петокот.
Со овој потег, Лидл ја претекна владината забрана и стана првиот голем ланец што ги повлече тутунските производи од понудата.
„Лидл активно придонесува за создавање генерација за непушачи“, велат од компанијата.
Лидл Холандија ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е „да им се даде можност на децата да растат без чад и да ги зашти од штетните ефекти на пасивното пушење и искушението сами да почнат да пушат“.
Холандската влада го пофали потегот на компанијата, кој го најави уште во 2018 година и постепено се прошири долж малопродажната мрежа.
„Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и други ланци на супермаркети“, рече холандскиот министер за здравство Пол Блокхуис.
Од 2024 година, тутунските производи во Холандија ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, во специјализирани продавници, во киосци и во продавници кои ќе добијат специјална дозвола за тоа.
Од 2023 година, исто така ќе биде забранета и продажбата преку интернет.