Лидл, вториот по големина малопродажен ланец на прехранбени производи во Германија, своите полици ги исчисти од сите производи на Кока-Кола.
Овој радикален потез во околу 3300 продажни места на Лидл е резултат на ценовната војна помеѓу Лидл и нивниот најголем конкурент Алди, кој има најголем удел на германскиот малопродажен пазар на прехранбени производи.
Пред тргнувањето на популарниот пијалок од полиците во продажните места, Лидл ја спуштил цената на паковањето од 1,25 l. за 10 центи, но Кока-Кола не попуштила во притисокот за намалување на големопродажната цена.
Овој потег на Кока-Кола, ја мотивирал одлуката на Лидл од своите полици да ги тргне производите Кока-Кола, Фанта и Спрајт и на нивно место на своите потрошувачи да им понуди производи како супститути, пред се Пепси и Freeway Cola.
Во цела Европа, Лидл имаат околу 10.000 продажни места.