Сервисот за достава на храна и пијалоци Uber Eats лансираше нова кампања во која главни ѕвезди се американскиот рапер Lil Nas X и британскиот музичар Елтон Џон.
Главната нишка на кампањата се состои од три кратки спотови полни со шаренило и ексцентричност каква што можат да донесат само Lil Nas X и Елтон Џон.
Во првиот спот двајцата изведувачи си ги фалат своите легендарни раскошни стилови, во вториот комичен спот тие јаваат на детски „возења“, а во третиот си префрлаат за тоа дали помфрит се јаде со мајонез или кечап.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Special Group, а спотовите се режирани од страна на Гај Шелмердин.