Линда Јакарино објави дека се повлекува од функцијата генерален извршен директор на X, социјалната мрежа претходно позната како Twitter. Во својата објава на платформата, таа истакна дека е горда на сработеното во изминатите две години и дека е време да продолжи понатаму.
Јакарино, поранешна директорка за огласување во NBCUniversal, беше ангажирана во 2023 година, непосредно по преземањето на компанијата од страна на Елон Маск. Нејзината улога беше да ги санира нарушените односи со огласувачите и да внесе стабилност по бурниот почеток на новото раководство.
За време на нејзиниот мандат, платформата воведе низа новитети, меѓу кои и xAI – вештачката интелигенција што стои зад четботот Grok. Токму Grok неодамна предизвика реакции откако генерираше антисемитска содржина, но според извори блиски до компанијата, тоа не било поврзано со одлуката на Јакарино да се повлече.
Елон Маск кусо ѝ се заблагодари на Јакарино за нејзиниот придонес, без да најави кој ќе ја наследи на позицијата.
Мандатот на Јакарино беше обележан со јавни и медиусмки критики поради наводниот раст на говор на омраза и дезинформации на платформата. И покрај сè, таа успеа да поврати дел од изгубените огласувачи и воведе нови услуги и премиум опции, во обид да ја одржи конкурентноста на X во однос на новите ривали како Threads и Bluesky.