Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, ексцентричниот милјардер Елон Маск, соопшти дека ја ангажирал Линда Јакарино за нова генерална извршна директорка на компанијата.
Маск веќе подолго сугерираше дека сака да најде личност која ќе му помогне во водењето на компанијата. Според најавите, Јакарино главно ќе се посвети на деловните операции и односи на компанијата, додека пак Маск ќе ја преземе улогата на претседател и генерален технолошки директор на Твитер, посветувајќи се повеќе на развојот на софтверските решенија, производите и услугите кои ги нуди платформата.
Линда Јакарино ќе стапи на функцијата после шест недели од објавувањето на информацијата за нејзиното ангажирање во Твитер.
Таа дипломирала на Државниот универзитет во Пенсилванија, по што 15 години работела во Turner Entertainment. Потоа направила трансфер во медискиот гигант NBCUniversal, каде што била вклучена во успешното лансирање на нивната стриминг платформа.
Преку својата работа, Линда Јакарино се истакнала како добар познавач на новите медиуми и убедлив комуникатор во пласирањето на производи и договарањето на огласувачки клиенти.
I am excited to welcome Linda Yaccarino as the new CEO of Twitter!@LindaYacc will focus primarily on business operations, while I focus on product design & new technology.
Looking forward to working with Linda to transform this platform into X, the everything app. https://t.co/TiSJtTWuky
— Elon Musk (@elonmusk) May 12, 2023