Американската актерка Линдзи Лохан се здоби со голема популарност и слава во првата деценија на 21 век, но потоа тешко се носеше со таа слава. Таа беше честа мета на папараците поради својот приватен живот, исполнет со скандали и зависност.
Меѓутоа, оттогаш, Лохан успеа да се рехабилитира и да се врати во нормалниот живот, сепак воглавно надвор од фокусот на јавноста. Но, во пресрет на Super Bowl, добивме еден исклучок во кој Линдзи Лохан се појавува во реклама на Planet Fitness.
Имено, американскиот ланец на фитнес центри објави нова видео реклама во која ја гледаме рехабилитираната Линдзи Лохан како се фраќа во форма – физички и ментално (на голема жалост на папараците!).
Покрај неа, која ја толкува главната улога, во рекламата се појавуваат и други познати личности како поранешниот кошаркар Денис Родман, актерите Дени Трехо и Вилијам Шатнер, како и серискиот победник на квизот “Jeopardy!” – Остин ‘Бази’ Кохен.
Рекламата е создадена со помош на агенцијата Publicis Worldwide.