Брендот за одржливи обувки и облека Allbirds лансираше летна кампања за промоција своите најнови патики за трчање – The Tree Flyer. За амбасадор на брендот е ангажирана своевремено популарната холивудска ѕвезда Линдзи Лохан, позната по филмови како „Mean Girls“ и „Parent Trap“.
Основан во 2016 година, Allbirds е новозеландско/американски бренд кој се обидува да ги замени синтетичките материјали базирани на нафта во обувките со одржливи алтернативни материјали. Брендот посочува дека 75% од нивните материјали се одржливи, природни и рециклирани. Користејќи го звучното име на Линдзи Лохан, брендот се обидува да ја прошири својата мисија до светската публика.
Тука стапуваат на сцена нивните розеви Tree Flyer патики, достапни во лимитиран број. Тие го евоцираат алтернативниот дух на раните 2000-ти години и ја „избегнуваат пластиката“, како што вели „неочекуваниот атлетски херој“ во едноминутното видео за кампањата на брендот. „Јас не трчав на патеката во средно училиште – бев повеќе математлетичарка“, вели Линдзи Лохан во спотот, алудирајќи на нејзината водечка улога во филмот “Mean Girls”.
Патиките се наменети за атлетичари од сите видови, за да ги направат фитнесот и одржливоста лесни и достапни за сите. Одржливите обувки ќе се продаваат по цена од 180 долари.