iProspect ќе биде одговорен за дигиталната медиумска стратегија и закуп на медиумски простор за сите деловни единици на Linkedin на глобално ниво
Медиумската агенција на Dentsu, iProspect, потврди дека е избрана за глобален платен медиумски партнер на платформата Linkedin, која го проширува своето меѓународно присуство.
Задачата на iProspect е да преземе одговорност за целиот спектар на дигитални медиски стратегии и закуп на медиумски простор на сите деловни единици на Linkedin на глобално ниво.
Тимовите ќе обезбедат поддршка при вршење мобилни, платени пребарувања, програмирање, социјални мрежи и видеа преку B2B и B2C производи. Минатата година само во САД, Linkedin потроши околу 27 милиони долари на офлајн медиуми и 14 милиони долари за дигитални медиуми, а глобалната потрошувачка изнесува околу 75 милиони долари.
„Ова е момент на трансформација за Linkedin и ние сме многу возбудени и почестени што сме со нив на ваквото патување“, рече Даниеле Ренда, виш потпретседател и извршен директор на iProspect. „Нашата страст кон бизнисот и неспоредливата експертиза за комплексните, глобални брендови ќе ни помогнат да го унапредиме овој бренд, бидејќи тие го освојуваат меѓународниот пазар. Со нетрпение очекуваме да работиме со овој фантастичен тим “.