Скоро три недели по затворањето на својата огласувачка мрежа, LinkedIn воведе сервис со кој им овозможува на маркетерите да правата таргетирани кампањи со големи размери, способен за таргетирање на луѓе од 30 000 компании одеднаш.
Адвертајзерите кои ќе ја користат оваа услуга, наречена LinkedIn Account Targeting, ќе можат да достават листа на компании кои сакаат да ги таргетираат, кои LinkedIn ќе ги вкрстат со 8 милиони бизниси присутни на мрежата. Таргетирањето може да биде уште по специфично, базирано врз профили на одредена работна позиција или работно искуство. Компанијата исто така го подобри своето таргетирање на Sponsored Updates и Sponsored InMail.
Корисниците на LinkedIn претходно можеа да споделуваат информации со 100 компании, и требаше да го направат тоа преку мануелен процес. Според Расел Глас, Продукт диретор на LinkedIn, повеќето од business to business компании сакаат да таргетираат помеѓу 2000 и 5000 профили.
“Ова ќе ни овозможува да се развиваме и да иновираме многу побрзо, како што додаваме различни видови на податоци во нашиот Audience Match Capabilities систем,” истакна Глас. “Корисниците ќе можат да таргетираат – или да исклучат – компании ако сакаат да спроведат маркетинг кампања врз специфични профили.”
Audience Match Capabilities системот на LinkedIn, зедно со новата таргетинг алатка на компанијата, е слична на услугите понудени од Facebook и Twitter, каде компаниите можат специфично да го определат трагетирањето во кампањата која ја водат. Од LinkedIn рекоа дека новите услуги се клучен столб во долгорочната стратегија на компанијата.
“Ќе бидат воведени дополнителни можности на алатката за таргетирање во иднина”, додаде Глас, одбивајќи подетално да коментира.
Минатиот месец, LinkedIn соопшти дека ќе прекине со продажбата на реклами надвор од својот walled garden, чекор кој ќе ја чини компанијата околу 50 милиони долари, но ќе заштеди на повисоко, од очекуваните трошоци. Од компанијата соопштија дека нивниот приход од реклами пораснал за 20% на годишна основа, на 183 милиони долари во четвртиот квартал. Истотака, LinkedIn забележа нето загуба од 8 милиони долари во истиот период, и ги намали своите проценки за идни приходи.