Социјалната мрежа LinkedIn лансираше нова услуга LinkedIn Live за своите 600 милиони корисници, овозможувајќи им на луѓето во живо да пренесуваат видео содржина. Оваа услуга најпрвин доаѓа како бета верзија само за корисниците на САД оваа недела, а речиси 18 месеци откако LinkedIn првично почна да поддржува видео формати.
LinkedIn Live ќе се фокусира на конференции, церемонии за наградување, настани кои ги водат влијателни личности и ментори, најави на производи и слично. Microsoft помага во поддршката на LinkedIn Live преку Azure Media Services, обезбедувајќи ги сите важни технологии на кодирање за непречен пренос во живо. LinkedIn, а исто така соработува со Wirecast, Switcher Studio, Wowza Media Systems, Socialive и Brandlive со цел на креаторите на содржини да им обезбеди пристап до искусни срвиси за емитување на стриминг услуги.
“Моментално, видеото е најбрзо растечка формат на нашата платформа и она кое најверојатно ќе ги наведе луѓето на разговор”, вели Пит Дејвис, директор за управување на производи во LinkedIn. “Можноста за пренос во живо е најбараната опција”.
LinkedIn се уште не се открива кога планира оваа нова видео услуга да биде достапна за сите 600 милиони нивни корисници, но компанијата ќе ги прифати барањата преку контакт формата на LinkedIn.
LinkedIn сега ќе се соочи со силна конкуренција од страна на Facebook, Twtter, YouTube, Twitch и многу други сервиси кои нудат услуги за видео стриминг во живо. Оваа социјална мрежа очигледно мисли дека може да се разликува врз основа на целната публика и видот на видеата што ќе ги понуди. Ова нема да биде место за гледање стриминзи за најновите видео игри, ниту пак ќе имате можност да ги видите вашите пријатели или колеги во живо. LinkedIn отсекогаш бил врзан за професионални односи и работниот ангажман, а LinkedIn Live е јасен обид за пренасочување на овај дел од пазарот кон видео содржини во живо.